Ќе бидете изненадени зошто, всушност, невестата го фрла бидермаерот на свадбата!

12 мај, 2021
Screenshot 2021-05-12 170449

Пред стотици години се верувало дека ако ја допрете невестата на свадбата, ќе имате среќа

Сите знаеме за обичајот на свадби кога невестата го фрла бидермаерот ма куп невенчани девојки, кои се обидуваат да ја искористат својата шанса за „среќен крај“. Според народното верување, онаа што ќе го фати букетот, следна ќе се омажи.

Потеклото на традицијата на невестата да носи букет на денот на венчавката датира од античко време. Цветовите тогаш биле вообичаена декорација на римските свадби, бидејќи тие симболизираат нови почетоци, верност и плодност.

Во средниот век, наместо цвеќиња, почести биле билките во букетите. Особено од копар и лук. Всушност, во тоа време се сметало дека ваквите билки имаат можност да штитат од зли духови и лоша среќа.

Во времето на кралицата Викторија, размената на цвеќе станала особено популарен начин на изразување љубов. Токму поради тоа, цвеќето се поврзало со свадби поради неговата романтична симболика. Оваа традиција продолжила до денес и скоро е невозможно да се сретне свадба без цвеќиња.

Сепак, дали знаевте дека овој обичај на фрлање букет почнал да се спроведува наместо стар обичај што младите сигурно не го сакале.

Имено, пред неколку стотици години се верувало дека ако ја допрете невестата на свадбата, ќе имате среќа, а ако откинете парче од превезот или венчаницата, ќе бидете вистински среќник.

За да не се тепаат гостите околу невестата, бидермаерот започнал да фрла, што многу брзо било прифатено, а овој обичај на допирање на невестата или кинење на венчаницата, бил оправдано заборавен.