Манекенот ја вежбаше вилицата два месеци и покажа драматична трансформација на лицето!

9 март, 2021
fc15fbd7-c491-4ee2-8e62-880c01220ab1.jpeg

Манекенот Лука Марчеси од Милано ги шокираше корисниците на ТикТок кога објави видео на таа социјална мрежа во кое покажа драматична трансформација откако ја вежбаше вилицата два месеци.

На снимката се гледа како тој џвака мал гумен уред во устата што се користи за зајакнување на мускулите на лицето.

„Дали мислите дека ова е премногу?”, праша тој.

Неговите придружници, но и лекарите одговорија потврдно на прашањето.

“Премногу развиените мускули на вилицата, без оглед дали се зајакнати со стегање на забите, мелење или намерно, можат да предизвикаат проблеми како мигрена или болка во темпоромандибуларниот зглоб. Ова се мускули кои ја поврзуваат коската на вилицата со јагодичката и ни помагаат да џвакаме”, објасни др. Мартина Хоџсон.

Видеото е прегледано скоро три милиони пати, а коментаторите не кријат дека се шокирани.

„Ова боли да се гледа“, напиша еден корисник.

„Мислам дека претеравте“, додаде друг.