НЕВЕРОЈАТНО! Тинејџерка успеала да преживее на отворено море 3 недели

19 мај, 2021
622c688aa5c2df1096a5d6d8e715671dc807d3c2

Седумнаесетгодишната Ајша од Брегот на Слоновата Коска преживејала три недели на море без храна и вода, откако бродот што превезувал мигранти потона во Атлантикот.

Од 59 патници, само тројца ја преживеале несреќата, а меѓу нив била и Ајша.

Ова е најголемата позната трагедија со бродови кои превезуваат мигранти на Канарските острови, пренесува Танјуг.

Ајша го напуштила својот роден град во ноември и отишла во Мавританија, каде успејала да обезбеди место на бродот. Само нејзината постара сестра знаела за нејзиниот план да тргне на опасното патување.

Ја спасил екипажот на шпанското воено воздухопловство.