ПЛАСТИЧЕН СНЕГ? Жената се обиде да ја стопи грутката снег но таа оцрне, тогаш се откри вистината!

17 јануари, 2021
387034_snowball-925600-1920_f

Една Шпанјолка тврди дека снегот што го носи невремето не е вистински снег бидејќи тестот што го спроведе покажа дека снегот не се топи.

На видеото кое кружи на Интернет, таа зема малку снег од својот балкон и го загрева со пламен од запалка, покажувајќи дека снегот не се топи, туку станува црн. Според неа, изгорената материја мириса на чиста пластика.

– Како што можете да видите, не се топи, колку и да го приближувам огнот, станува црно. И мириса на изгорена пластика. Знам дека падна снег на повеќе места, па може да се уверите и самите. Она што ни го испраќаат е чиста пластика. Постојано не залажуваат, проверете сами – вели жената на видеото.

Многу корисници на социјалните мрежи се потсмеваа на коментарите, а голем број луѓе се обидоа да го објаснат феноменот: според некои, ова е нормална реакција, бидејќи најголемиот дел од топлината насочена кон снежната топка се прераспределува на целиот нејзин волумен.

Мирисот на „пластика“ доаѓа од нечистотии во гасот од запалката, а „црниот“ снег се појавува поради процесот на хемиска сублимација, кога материјата се претвора од цврста состојба во гас, заобиколувајќи ја фазата на течна состојба.