ПРИВЛЕКУВААТ НЕСРЕЌА И ГИ БРКААТ ПАРИТЕ ОД ДОМОТ: 5 најголеми грешки при украсувањето на домот според фенг шуи

10 април, 2021
svorc

Овие грешки внесуваат негативна енергија во вашиот дом, поправете ги!

Фенг Шуи е древна кинеска филозофија за уредување на просторот така што ќе привлекува добро и ќе ја исфрла лошата енергија.

За да владее хармонија во вашиот дом, експертите ве советуваат да ги избегнувате овие пет најчести грешки што ги прават луѓето.

1. Неред

Експертите за Фенг Шуи велат дека не може да има позитивна енергија во куќата ако не можете да ја видите работната плоча во кујната поради нередот. Затоа ве советуваат да ги отстраните сите вишок работи од таму, за позитивната енергија да може да циркулира слободно.

2. Лошо поставено огледало

Огледалата можат да придонесат за убавиот изглед на вашиот стан или куќа, но според фенг шуи, постојат места каде што огледалото не треба да стои, а каде е добро да го ставите.

На пример, влезната врата е поврзана со надворешниот свет, па ако огледалото се постави директно спроти вратата, добрата енергија ќе се изгуби. Улогата на огледалото, според експертите за фенг шуи, е да рефлектира позитивна енергија, па затоа ве советуваат да го ставите на еден од страничните sидови.

3. Подигнат капак на тоалетот

Ова е лесно да се избегне, само држете го капакот спуштен.  

Според фенг шуи, отворениот капак од тоалет е како „дупка“ низ која протекува позитивната енергија и парите од куќата.

4. Зеленило во спалната соба

Иако растенијата го разубавуваат просторот, експертите за фенг шуи велат дека тие не треба да бидат во спална соба бидејќи можат да ја загрозат позитивната атмосфера и да влијаат на вашата врска со партнерот.

Работата е дека растенијата растат, што ја нарушува мирната енергија што е потребна во оваа просторија.

5. Положбата на креветот

Една од вообичаените грешки што ја прават луѓето е тоа што го ставаат креветот во спалната соба на истата страна од ѕидот како и вратата од собата.

Експертите велат дека креветот треба да го гледаме од врата, па доколку го ставите зад вратата, спречувате влез на позитивна енергија. Ако немате друг избор, овој лош ефект може да се поништи со закачување на огледало над креветот, така што вратата ќе се рефлектира во него.

escort - Korsan taksi