Таа го прободела нејзиниот сопруг со нож кога видела експлицитни слики со друга жена, а потоа следел уште поголем шок!

3 февруари, 2021
tena-noz-460x0

Таа го нападнала сопругот со нож затоа што открила слики во кои тој споделувал со друга жена, но тоа било само почеток на приказната.

Љубоморна жена од Мексико е уапсена откако сосед ја пријавил за прободување на сопругот со нож. До пресметката дојде кога Леонора на мобилниот телефон на нејзиниот сопруг најде експлицитни слики на кои тој се секса со друга жена.

Пред нејзиниот сопруг да ја објасни ситуацијата, Леонора го зграпчила ножот и го прободела неколку пати во рацете и нозете. Соседите слушнале звуци и повикале полиција, а сопругот бил пренесен во болница, каде добро се опоравува и неговиот живот не е во опасност.

Сопругата е приведена, а полицијата во соопштението објаснила дека нападот е резултат на недоразбирање. Имено, жената на мобилниот телефон на сопругот пронашла фотографии од нејзиниот сопруг со непозната жена и започнала да го напаѓа. Дури кога полицијата пристигнала и ја задржала жената, сопругот можел да објасни дека сликите се всушност од неговите помлади денови.

Нејзиниот сопруг ги пронашол нивните стари фотографии и решил да ги зачува на неговиот мобилен телефон, но неговата сопруга не се препознала на сликите, па го нападнала. Сè уште не е познато каква казна ја чека.

escort - Korsan taksi