Темната вистина зад најраните цветања на црешите во Јапонија (ВИДЕО)

31 март, 2021
2021-03-27T103637Z_771680352_RC2MJM9DRR0S_RTRMADP_3_SPRING-CHERRYBLOSSOMS-JAPAN-scaled-e1617175023315-2048x1510-1-1024x755

Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните 70 години, а експертите наведуваат дека најверојатната причина за тоа се климатските промени.

Цветањето на црешите го следи јапонската агенција за метеорологија скоро 70 години и забележа дека првата цреша процвета оваа година во Киото на 26 март. Слични рекорди се поставени во повеќе од десетина градови низ целата земја.

Цветот на црешата „сакура“ обично цвета во април, кога Јапонија слави почеток на нова учебна и деловна година. Сепак, сега повеќето дрвја цветаат пред првиот училишен ден. Некои сметаат дека ова е најраното цветање досега, судејќи според записите од историските документи, дневници и поетски книги од Киото.

Научникот за животна средина во Осака, Јасуиуки Аоно, кој следи вакви документи, рече дека најраното цветање пред оваа година е 27 март 1612, 1409 и 1236 година.

„Можеме да кажеме дека ова најверојатно се должи на влијанието на глобалното затоплување“, изјави службеникот на јапонската агенција за метеорологија Шунџи Анбе.