Венера од денес е во Бик и за овие ТРИ знаци носи ХАОС: Пари, успех во кариерата и човекот што го сакате

14 април, 2021
a7510977eb50628756d66c9fcab8d7d2f839c054

Венера е на ,,свој терен“ во Бик од 14 април до 9 мај, а тоа најмногу ќе го почувствуваат Овенот, Близнаците и Лавот.

Таа е сензуална и нежна. Многу се грижи за својот физички изглед, но не е заинтересирана за туѓите мислења. За неа е важно да е задоволна. Не слепо ги следи трендовите, и се држи до докажани комбинации. Дури и да прифати нешто ново од модата, тој стил или парче облека го прилагодува на себе.

Оваа Венера има потенцијал да го привлече што сака, а тоа се: пари, саканата личност, успех во кариерата … Таа има потреба за емоционална сигурност и силна емотивна врска.

Знаци што највеќе ќе ја почувствуваат Венера во Бик:

Овен

Овој период ќе биде доста предизвикувачки за вас во однос на кариерата. Ќе имате разни понуди кои звучат интересно и претставуваат предизвик за вас. Но, бидејќи самиот период е малку поинтензивен и вие самите не сте сигурни по кој пат сакате да одите, најдобро е да бидете трпеливи и да не носите избрзани одлуки. Нека клопчето буквално се расплетува до мај, а потоа донесете одлука.

На полето на љубовта, на оние кои се во редовна врска им следи мирен период. Ќе биде потенцирана комуникацијата и влијанието на материјалното. Слободните можат да очекуваат љубов, флертување преку работа или деловни соработници.

Близнаци

Периодот е погоден за работа на кариерата. Ќе ви бидат отворени многу патеки, сè ќе биде малку збунувачко, но вашиот шарм и позитивен став во овој период ќе ги расчистат сите проблеми и сомнежи. Ќе бидете фокусирани на успех и пари, а позитивната енергија што ве опкружува ви дава ветер во грб.

Во љубовта можни се помали конфликти со вашиот партнер затоа што ќе бидете повеќе насочени кон работата и кариерата, така што вашиот партнер ќе се чувствува запоставено. Слободните можат да очекуваат љубов преку социјалните мрежи.

Лав

Полето работа ќе биде силно нагласено во позитивна смисла. Сè што изгледа како пречка за другите, буквално ќе го решите преку забава и лесна комуникација. Вистинско време е да разговарате со претпоставените за понатамошниот тек на вашата кариера. Имате дури и поддршка и сами да предложите што сакате да правите во иднина.

Работата ќе биде нагласена, ќе ги решите сите пречки. Љубовта ќе цвета како никогаш порано!

Имате одлична врска со вашиот партнер. Самата љубовна врска оди на повисоко ниво. Слободните може да очекуваат личност од минатото да им се врати со јасна цел и предлог.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi