Во мај, љубов како од бајка: Бик, Девица, Скорпија!

2 мај, 2021
srekja-ljubov-dvojka-960x640

Во мај, љубов како од бајка за три знаци на Зодијакот, тоа се Бик, Девица и Скорпија! Мај е месец во кој ќе се разбуди сонливата Венера, планетата што има најголемо влијание врз нашиот љубовен живот, а одредени знаци ќе доживеат најголем успех на ова поле.

Сензуалноста, љубовта, естетиката и елоквентноста нè очекуваат во мај. Ова е време од годината кога сè се буди, дава крилја и нова енергија. Период во кој се раѓаат некои нови емоции, и цветаат прекрасни љубови.

Мај носи најголем љубовен успех за овие 3 хороскопски знаци:

Бик

Вие сте главната sвезда во мај, бидејќи Сонцето престојува во вашиот знак. Ова е среќен и поволен месец за вас и нема да имате проблем да постигнете многу од вашите цели. Добриот аспект на Венера и Сонцето ви дава самодоверба, а Јупитер го подобрува вашето поле на пријателство и љубов.

Марс ви носи совршена комуникација, така што оние кои се во романтични врски ќе успеат да решат многу стари недоразбирања. Од друга страна, слободните Бикови се авантуристи, тие се стремат кон промени, па можно е на некое патување да сретнете личност која може да ја помести земјата под вашите нозе.

Девица

Во текот на целиот месец, љубовта со партнерот ќе биде топла и нежна. Ќе се чувствувате како да сте на почетокот на врската. Успевате да пронајдете рамнотежа помеѓу кариерата и љубовта. Ќе бидете иновативни и полни со изненадувања, што особено позитивно влијае на паровите кои се во подолга врска

Слободните Девици Марс и Венера ги охрабруваат смело да пристапат кон нова љубов. Сега е многу полесно да го отворите срцето, да ги покажете емоциите и вашата понежна страна. Можно е одеднаш да запознаете личност која може да биде вашата вистинска љубов, сродна душа. Слушајте ја интуицијата.

Скорпија

Мај ви носи исклучително нежен и страствен љубовен живот. Позицијата на планетите ви помага да ја барате вистинската љубов, а Меркур ја олеснува комуникацијата со вашиот партнер. Осамените ќе бидат охрабрени да влезат во љубовна врска и ќе имаат поголема самодоверба од кога било.

Скорпиите кои се во долга врска почнуваат да го подобруваат својот однос и се обидуваат да посветат поголемо внимание на својот партнер. Сега вашата љубов е центар на Универзумот и можно е да ги обновите старите страсти.

escort - Korsan taksi