ЗОШТО ВЕЛИМЕ „НА ЗДРАВЈЕ“ КОГА НЕКОЈ ЌЕ КИВНЕ? Ова сигурно не го знаевте!

24 април, 2021
239810_cold-1284030-960-720_f

Кивањето е реакција на нашето тело на надразнувачи во назалната мукоза, но постојат различни суеверија за тоа во различни култури.

Античките Грци, Египќани и Римјани верувале дека кивањето е знак од боговите кои ја откриваат иднината, без разлика дали тоа е добро или лошо.

Во средниот век, Европејците гледале на кивање како лош знак. Ова произлегло од верувањето дека животот е врзан за здивот. Значителна количина здив издишана за време на кивањето ги натерала луѓето да веруваат дека нешто фатално ќе се случи во деновите што доаѓаат.

Кај нас обично велиме „на здравје“ кога некој ќе кивне. Во англискиот јазик, велат: „Бог да те благослови“. Постојат неколку приказни зошто ова е токму она што се вели.

Според едната, папата Григориј Велики почнал да го кажува тоа за време на чумата, надевајќи се дека луѓето нема да умрат по кивањето.

Според друго мислење, се верува дека луѓето ја исфрлаат душата од телото со кивање. Кога ќе им речат: „Бог да те благослови“, ѓаволот е спречен да им ја земе душата.

Постои уште едно суеверие поврзано со кивањето: ако некое лице кивне за време на разговор, таа приказна е означена како апсолутно вистинита.

Во земјите од Источна Азија, тие веруваат дека во моментот кога кивате, некој зборува за вас. Бројот на кивања има одредено значење.

Едно значи дека зборуваат нешто добро за вас, а две – нешто лошо. Три се знак дека некој што е заљубен во вас зборува за вас, а четири се знак дека нешто лошо ќе се случи со вас или вашето семејство.

Во полската култура се смета дека кивањето значи дека свекрвата зборува лошо за вас во моментот на кивањето. А, ако не сте во брак, тоа значи дека нема да се сложувате добро со вашата идна свекрва.

Во италијанската култура, мачката која кива се смета за среќа. Се верува дека ја протерува лошата среќа и носи просперитет. И, ако невеста слушне како мачка кива на денот на венчавката, тоа значи дека ќе има среќен брак.

Во индиската култура, кивањето пред да одите на работа или ако кивнете додека го напуштате вашиот дом се смета за неповолно. Вообичаено е да застанете кога ќе кивнете и за се напиете малку вода за да избегнете несреќа.

Многу култури сметаат дека кивањето помеѓу пладне и полноќ е знак на среќа, додека други сметаат дека тоа е лош знак.

Во други случаи, некои луѓе веруваат дека ако кивнете додека се облекувате, нешто лошо ќе се случи тој ден. Добар знак е ако ја свртите главата надесно при кивањето.

Тоа значи дека ќе имате среќа тој ден. А, ако ја свртите налево – ќе ви се случи нешто лошо.

Исто така се верува дека Боговите се среќни ако две лица кивнат истовремено.

escort - Korsan taksi