Забава во Амстердам, тест за ублажување на мерките: Играње како во старите добри времиња!

7 март, 2021
novogodisnja-zurka-830x0

Сите гости морале да имаат негативен тест на коронавирусот не постар од 48 часа и биле повикани да бидат повторно тестирани пет дена по настанот.

Љубителите на танцот во Амстердам учествуваа во истражувачки проект кој истовремено им служеше да се одморат од карантинот воведен поради корона вирусот и да присуствуваат на првиот масовен настан по повеќе од една година.

Зиго Дом, најголемата концертна сала во Амстердам, во која сораби 17.000 луѓе, се собраа 1.300 луѓе кои играа на музика на познати диџеи.

Нивните движења и контакти беа следени преку значки што ги носеа на вратот, со цел да се утврди како може повторно да се организираат вакви настани.

Сите гости мораа да имаат негативен тест за корона вирусот не постар од 48 часа, а беа повикани да бидат повторно тестирани пет дена по настанот.

Тие беа поделени во шест групи, од кои секоја имаше различни упатства за социјално дистанцирање и носење маски, како и слобода за движење низ салата.

Владините советници ќе ги користат податоците за нивното однесување за да дадат препораки за можно ослободување на локдаунот во наредните месеци.