ЖИВОТОТ ПИШУВА ДРАМИ: После 22 години, посвоено момче открило дека работи во иста продавница со својата биолошка мајка (ВИДЕО)

24 јануари, 2021
usvojen

Ја бараше долго време.

Кога ќе слушнете за родители кои ги даваат своите деца на посвојување, лесно е да покажете со прст кон нив и да ги осудите без да ги знаете фактите. Но, не секој е подготвен да биде татко или мајка, или едноставно не е финансиски способен да чува дете. Она што некои може да го сметаат за недостаток на храброст и одговорност, за други е покажување наклоност, храбар избор на љубов.

Приказната за Кристин е малку постара, но веруваме дека го заслужува вашето внимание. Кристин Талади роди дете во октомври 1985 година. Таа беше во многу тешка финансиска состојба и никогаш не можеше да се грижи за своето дете. Затоа, донесе болна одлука да го даде на посвојување детето. Според нејзиното мислење, ова беше единствениот начин малото дете да има шанса за подобра иднина. Оваа одлука, се разбира, не ја направи среќна, но таа никогаш не се пожали. Тоа го покажува и фактот дека секогаш ги држела на располагање документите за посвојувањето, за да може нејзиниот син да ги најде ако сака еден ден.

Кога го посвоиле, момчето го добило името Стив. Кога имал 18 години, започнал да ја бара својата биолошка мајка. Потрагата првично беше неуспешна. Но, Стив не се предаде.

По некое време, Стив откри дека Кристин живее недалеку. Во тоа време, момчето работеше како курир во продавница во Гранд Рапидс, Мичиген. Бидејќи ова беше една од најголемите продавници во околината, Стив доби идеја да го праша својот шеф дали случајно ја познавал Кристин Талади. Неверојатно, се покажа дека не само што ја познаваше, туку и дека баш Кристин работеше во таа продавница.

Кој знае колку пати Стив ја сретнал без да знае која е всушност. Мајка и син конечно беа повторно заедно. Поминаа 22 години и имаше неколку пречки, но кога ќе ги погледнете околностите, се чини дека тие двајца секогаш биле поврзани со невидлива врска. А добриот Стив покажа дека е подобар човек од неа, затоа што иѝ прости што го оставила.

escort - Korsan taksi