Зошто петок 13-ти се смета за несреќен ден?

13 август, 2021
198841_shutterstock-35980657_ls

Денес, многу луѓе низ светот колку и да негираат, ќе ја имаат на ум суеверната фобија „петок 13-ти“. Ќе им биде непријатно и тешко да станат од кревет, да го напуштат својот дом, да се посветат на секојдневната рутина – сè само поради едно суеверие.

Овие луѓе страдаат од параскаведекатриафобија, честа фобија која на сите ни е позната – страв од петок 13.

Но, од каде всушност доаѓа оваа фобија, кои се првите асоцијации со ова суеверие и како стигнала до модерното општество?

Вистината е дека никој точно не знае од каде е потеклото на стравот од петок 13, меѓутоа постојат неколку теории добро истражени од историчари.

Доналд Даси, основачот на центарот за фобии во Северна Каролина, САД, се сомнева дека стравот потекнува од нордиската митологија.

Нордиската митологија е збир на митови, легенди и верувања во натприродни суштества. Проучувањата за оваа методологија упатуваат на тоа дека овие луѓе навистина постоеле и им биле дадени божествени особини.

Според еден нордиски мит, постоеле 12 богови кои вечерале во Валхала – светата сала каде што се собирале сите нордиски херои кои починале. Меѓутоа еднаш додека вечерале, вечерата била прекината од 13-тиот гостин, злобниот бог Локи.

Според легендата, Локи го изманипулирал богот на зимата да го убие неговиот брат, богот на летото. Оттогаш, луѓето почнале да го асоцираат бројот 13 со убиството кое се случило поради непосакуваниот 13-ти гостин.

Поради некоја друга причина, бројот 12 почнал да се смета како комплетен број низ многу култури. Постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 олимписки богови, 12 наследници на пророкот Мухамед, во христијанството Исус е предаден од Јуда, еден од неговите 12 апостоли кој бил 13-ти гостин на Тајната вечера.

Поминувањето на бројот 12 почнало да се смета за лош број затоа што го рушел балансот и перфекцијата. Бројот 13 се асоцира со несреќа сè до ден денес.

Денот петок се вклучува во суеверието најмногу поради тоа што се верува дека Исус бил распнат на крст во петок. Во Рим, а подоцна и во Америка најчесто сите вакви јавни убиства се случувале во петок.

Петок 13-ти станал најнесреќен ден поради фактот дека спојува две суеверија во едно.

Денес многу хотели и згради немаат 13-ти спрат, туку од бројот 12 веднаш преминуваат на 14ти спрат, а аеродромите најчесто го избегнуваат 13-тиот излез.

Многу филмови исто така го искомерцијализираа стравот на луѓето и направија такви со цел да заработат од ова несреќно верување, додека тие воопшто не веруваат во точноста на оваа фобија.

Но, дали петок 13 навистина е несреќен? Едно истражување од 1993-та година, вели дека статистички има некоја вистина дека петок 13 е несреќен ден. Но сепак истражувањето беше со забавна намена и ретко кој го прифатил како вистинито.

Не сите култури веруваат во тоа дека петок 13 е несреќен ден. Грците и Шпанците веруваат дека вторник 13-ти е несреќен ден, додека Италијаните веруваат дека петок 17-ти е најнесреќен ден.

Што значи, денес можете да опуштите, петок 13 сепак не е толку несреќен колку што мислевте.

escort - Korsan taksi