Ги отстранува првутот, акните и флеките на лицето: Цвеклото не е добро само за КРВНАТА СЛИКА, туку и за КОЖАТА и КОСАТА

16 октомври, 2021
5ca38d797c386c51b1eca4468b3d0a414e33c8cc

Цвеклото е зеленчук што треба да се вклучи во секојдневната исхрана.

Особено за време на постудените денови, цвеклото е зеленчук што треба да се најде на трпезата бидејќи е исклучително здрав. Благодарение на високата содржина на железо и витамини, цвеклото го штити телото од вируси и ја зајакнува крвната слика.

Се препорачува особено за анемични луѓе, но освен за здравје, може да се користи и за други намени – за нега на коса и кожа.

Доколку имате проблеми со опаѓање на косата, се препорачува да пиете свеж сок од цвекло, кој е богат со разни протеини, калиум, фосфор, калциум, како и витамини Б и Ц. Сите овие состојки ја подобруваат циркулацијата на скалпот, и поттикнуваат раст на косата.

Сокот од цвекло, исто така, го решава проблемот со првут, како и сува или мрсна коса.

Со мешавина од сок од цвекло и оцет, измијте ја косата после миење најмалку еднаш неделно за да го исчистите скалпот и да го отстраните првутот.

Можете исто така да користите цвекло во нега на кожата

Исцедете го цвеклото со средна големина, и премачкајте го лицето со овој сок со помош на памучна вата или памучна газа. Исплакнете го по 10 минути и измијте со благ сапун.

Повторете го овој третман еднаш неделно, по можност пред спиење, и вашата кожа ќе биде видливо посвежа и без акни. Исто така, сокот од цвекло може да помогне при флеки на лицето.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris