МОЌЕН ТОНИК ОД ДОМАШНИ СОСТОЈКИ КОЈ ЌЕ ВЕ ПРЕПОРОДИ: Земете една лажица на ден и ќе бидете „како нови“!

popara25 февруари, 20211min0
napitak

Се подготвува многу едноставно и е неверојатно моќен!

Постојат и природни решенија за одредени здравствени проблеми, а имаме на располагање толку многу здрави билки и зачини, важно е само да знаеме што да користиме кога и зошто.

Доколку сакате да го исчистите целиот организам од бактерии, вируси, паразити и габи, потребен ви е само еден пијалок, кој содржи многу здрави и моќни состојки.

Имено, за овој пијалок потребни ви се две лажици куркума, четвртина чаша рендан ѓумбир, четвртина чаша ситно сецкан лук, две лажици рендан рен, две лути пиперки, 680 милилитри јаболков оцет.

Пијалокот се подготвува со мешање на сите состојки во сад, освен оцет, и потоа префрлете ги во стаклен сад и истурете го оцетот одозгора. Затворете го садот, добро протресете ги состојките и оставете го пијалокот на ладно место две недели, а потоа исцедете го.

Консумирајте го исцедениот пијалок со лажица секој ден доколку го користите превентивно, за зајакнување на имунитетот, а доколку сакате да решите здравствен проблем, консумирајте по една лажица пијалок пет пати на ден.

Ако се прашувате зошто оваа напивка е толку моќна, еве објаснување.

Лукот има антивирусно и антиинфламаторно својство, куркумата има корисен ефект врз здравјето на срцето, има антибактериски својства, а исто така помага во исфрлање на токсините и намалување на воспалението во телото.

Ѓумбирот е добар и за здравјето на срцето, но има и голем ефект врз органите за варење, нивото на шеќер во крвта, додека јаболков оцет го намалува холестеролот, помага при воспаление на грлото и затнат нос, па дури и добро влијае на слабеењето.

Овој пијалок, се разбира, не може да ги замени лековите препишани од лекарите, но може да помогне во подобрување на општата состојба на организмот.