Може ли премногу мастурбација да влијае на вашиот сексуален нагон?

23 ноември, 2021
Beautiful female legs in black lingerie copyspace

И на врската со вашиот партнер?

Иако на некој начин сè уште е табу тема, мастурбацијата сепак станува важен дел од менталното и сексуалното здравје. Ако сте во врска, тоа би можело да биде чувствителна тема – токму поради архаичните приказни за женското задоволство и верување кои велат дека ја трошите целата своја енергија на самозадоволство, а не на вашиот партнер. Тоа е мит и не мора да се грижите за тоа!

Џордан Диксон, терапевт за психосексуална врска, посочува зошто е важна мастурбацијата. Помага и служи за стекнување сексуална свест со себе и ви помага да бидете сексуално свесни со другите. Мастурбацијата е вид на игра каде што се запознавате себе си и задоволството на сопственото тело, и нема ништо лошо во тоа, нели?

Излезе дека ако имате навика да мастурбирате, тогаш ќе ви биде полесно да се опуштите со некој друг. Сексуалниот нагон варира – понекогаш е висок, понекогаш е низок и сето тоа поради некои околности во нашите животи. Сексуалниот нагон исто така може да биде под влијание на фактори како што се исхрана, стрес, вежбање, врски и семејство…

Џордан вели: „Мастурбацијата мора да биде истражување на задоволството што ви помага да изградите самосвест, а не да станете зависник од сексуалните скрипти и норми што се пропишани дека нешто мора да биде“.

Премногу мастурбација не може и нема да влијае на вашата врска со вашиот партнер, туку тоа е само еден дел од вашиот сексуален живот што го имате само за себе и врз кој ги градите и зајакнувате своите потреби и го запознавате вашето тело.

Мастурбацијата ќе ви помогне да бидете љубопитни за сè во врска со вашето тело и да бидете присутни и свесни, а токму самоефикасноста ќе ве натера да комуницирате подобро со вашиот партнер за сексуални проблеми.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris