Актерката Сара Џесика Паркер неодамна го прослави својот 56-ти роденден. Холивудската sвезда која својата слава дефинитивно ја должи на улогата на Кери Бредшо во популарната серија ‘Сексот и градот’ за која освои две Еми награди и четири Златни глобуси, не се експонира премногу во јавноста. Изминатата година, таа често работеше во нејзината продавница за чевли каде им помагаше на клиентите, но многу детали од нејзиниот приватен живот не беа познати во јавноста до неодамна.
Едно од нив е секако дека како дете, С.Џ. Паркер танцуваше балет и одеше на часови по пеење, а својата прва улога ја доби во претставата „The Innocents“. За да може да ја продолжи кариерата, целото нејзино семејство прво се преселило во Синсинати, а потоа во Њујорк. Кога велиме цело семејство, навистина мислиме на големо семејство, бидејќи Сара Џесика Паркер има вкупно седум браќа и сестри од двата брака на нејзините родители. Интересно, најпрво и беше понудена улога во светски познатиот филм „Pretty Woman“ од 1990 година, која на крајот и припадна на Џулија Робертс.
Таа е единствената актерка од серијата „Сексот и градот“ која нема снимено ниту една експлицитна или гола сцена. Имено, таа при потпишувањето на договорот со продуцентите побара да се изготви клаузула што ќе гарантира дека нема да се соблекува пред камерите. За разлика од центарот на вниманието, во приватниот живот Сара не сака да се шминка. Очигледно таа не знае ни да се шминка. Шпанскиот дизајнер на обувки Маноло Бланик и оддаде своевидна почит откако снимаше серија во која таа ги прославуваше неговите обувки, па тој по неа именуваше еден модел на чевли. Покрај тоа, 56-годишната актерка не се омажи во бела венчаница. Нејзината венчаница била црна, наводно затоа што се срамела да се омажи во бело.