
Додека Крис Џенер правела на циле-миле со нејзиниот поранешен сопруг Брус Џенер, нивната ќерка Клои била под креветот!
Крис Џенер, мајката на славните „Кардашијан“, само што откри шокантна тајна од нејзиниот сексуален живот.
Имено, Крис призна дека имала секс со сопругот Брус Џенер во 90-тите години, додека нивната ќерка Клои била под креветот. Клои во тоа време имала 10 години и овој инцидент ѝ оставил траума.
Од каде се најде Клои под креветот? Клои играла криенка со своите сестри и пријатели и се криела под креветот.
„Таа често се криела под креветот, а ние не знаевме за тоа. Во една прилика таа се сокрила со другарка и долго време останале под двоен кревет, а ние влеговме во спалната соба да спиеме. Сепак, не заспавме веднаш, почнавме да се галиме и брзо настана ситуација „циле-миле“ – рече Крис Џенер во шоуто на Елен Деџенерис.
– Беше крајно трауматично за Клои. Никогаш не зборувала за тоа поради сресниот синдром(PTSD) – рече Крис.
Елен инсистираше Крис да ги каже сите детали и праша кога Крис и нејзиниот сопруг сфатија дека не се сами во собата?
– Децата беа ужасно исплашени, преку ноќ останаа со часови под креветот, а кога сфатија дека спиеме, полека излегоа и заминаа – вели Крис.
Ова искуство беше толку трауматично што Клои долго време се плашеше од секс.
– Мислам дека им беше јасно што правиме, а кога пораснаа, сè им стана јасно – заклучува Крис.