АЛКАЛИЗИРА И ГО ДЕТОКСИЦИРА ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ: Наместо кафе, на празен стомак испијте го овој пијалок!

13 јули, 2021
149343_smutiodsargarepe140864576644852_ff

Јулските денови се вистинско време да промените нешто во вашите секојдневни навики, со цел да се ослободите од вишокот вода од телото, да се детоксицирате, но и да го подигнете имунитетот.

Наместо да го пиете првото утринско кафе на празен стомак, кое само ќе ве разбуди за момент и ќе ви даде енергија, свеж сок базиран на моркови, лимони и ѓумбир ќе го обнови телото, ќе го алкализира телото и ќе му ги даде сите потребни витамини и минерали.

Состојки:

3 моркови
корен од ѓумбир
зелен лимон
лимон
јаболка
половина грејпфрут

Подгответе ги намирниците и ставете ги во соковник, а исцедената пулпа ставете ја во стаклена тегла и земете го овој моќен напиток со вас на работа и на прошетка.