Благо со кое се засладувале со генерации: Нема да можете да им одолеете на овие карамел-обланди! (РЕЦЕПТ)

10 март, 2021
karamel-830x0

Со неколку едноставни состојки, ќе добиете вкусен колач што ќе ве врати во минатото со својот вкус и мирис.

Состојки:

1,2л млеко

800гр шеќер

1 лажичка арома од ванила или 2 ќесички ванилин шеќер

200гр путер или маргарин

5 листови обланди

Подготовка:

Истурете ги млекото и шеќерот во подлабоко тенџере, измешајте добро и ставете на шпорет да зоврие. Повремено мешајте додека не се растопи целиот шеќер, а потоа намалете ја температурата на средно ниво, што е околу 6 од 9 поделби.

Со повремено мешање, варете го млекото околу еден час, а потоа намалете ја температурата. Температурата сега треба да биде таква што млекото малку ќе врие. На оваа температура, варете го млекото барем уште 45 минути до еден час, но мора да бидете внимателни да не загори.

Ако млекото почне да се лепи на дното на тенџерето пред да помине еден час, извадете го и додадете путер или маргарин и промешајте да се стопи.

Ако млекото сè уште не лепи, варете го максимум еден час, а потоа додадете путер или маргарин.

Премачкајте ги обландите со врелиот фил и нанесете на грубата страна. За секоја обланда треба да има по две кутлачи фил.

Распоредете го филот рамномерно, а потоа залепете го вториот лист обланда. Не премачкувајте ја последната обланда. Завиткајте ја готовата обланда во кујнска салфетка или фолија и оставете да се излади целосно.

Исечете парчиња со посакуваната големина и уживајте!

Пријатно!

escort - Korsan taksi