Брз и ефтин рецепт! Зачинети француски компири со колбаси! Вистинска фантазијa!

19 април, 2021
379755_x2_f

Ако сте уморни од готвење или печење компири, пробајте го ова лесно јадење што сигурно ќе го обожавате!

Состојки:

1 кг компири

кромид

околу 300 гр колбаси

5 варени јајца

2 неварени јајца

2 дл павлака

малку млеко

околу 200 гр кашкалав

сол, бибер

Подготовка:

Подмачкајте огноотпорен сад, ставете исечен кромид, одозгора наредете ред компири исечени на кругови, ред колбаси, ред варени јајца. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Изматете 2 јајца и павлака (додадете малку млеко), сол и прелијте ги компирите. Печете околу 40 минути. Кога компирот ќе пожолти, ставете преку него рендан кашкавал да се стопи убаво.

escort - Korsan taksi