Чај од цимет – моќен додаток за губење на тежината и обновување на енергијата: Се прави лесно, дава брзи резултати

21 април, 2021
caj od cimet

Зачин што често се става во колачи и слатки може да биде одличен сојузник во слабеењето, но исто така помага во регулирање на високиот крвен притисок.

Малку се оние кои не го сакаат мирисот на цимет, ароматичен зачин кој често се става во колачи, слатки и пијалоци. Поради својот сладок вкус, може да се користи и како замена за шеќер, особено во кафето.

Иако сме навикнати да го користиме најчесто за време на студените месеци, бидејќи спаѓа во зачините кои го загреваат организмот, циметот е добар за употреба во текот на целата година, особено ако имате слаба циркулација или често чувствувате замор.

Доколку сте на посебна диета, нутриционистите препорачуваат попрскување цимет со парчиња овошје – јаболка, ананас, круши … Циметот ќе ви обезбеди дополнителна енергија и нема да дозволи нагло да скокне шеќерот во крвта поради внесувањето на фруктоза.

Препораките се дека не треба да користите повеќе од 6 грама на дневна основа, што одговара на една лажичка мелен зачин.

Чај за слабеење

Пијалок од цимет се препорачува како дел од терапијата за слабеење, особено за луѓето кои имаат проблеми со движењето на дебелото црево. Овој чај може да го забрза топењето на масните наслаги и да го забрза метаболизмот.

  • Состојки:
  • 200мл бода
  • пола лажичка цимет
  • пола лажичка мед

Подготовка:

Водата зовријте ја, тргнете ја од оган и оставете да се излади. Потоа додадете цимет во прав и мед, промешајте и пијте.

Најдобро е овој пијалок да го пиете на празен стомак, половина час пред појадок.

Чај против висок крвен притисок
За да ги блокираат ензимите кои ги стеснуваат крвните садови, луѓето кои страдаат од висок крвен притисок можат да комбинираат чај од хибискус со цимет.

Овој чај не е замена за лекови, и ако веќе земате терапија за хипертензија, не заборавајте да се консултирате со лекар пред да го користите овој чај.

  • Состојки:
  • 800 мл вода
  • 3 супени лажици сув хибискус
  • 1 кафена лажица цимет
  • сок од еден портокал

Подготовка:

Оставете ја водата да зоврие, а потоа тргнете ја од оган, истурете го исушениот цвет на хибискус, покријте го и оставете го да стои десет минути. Потоа процедете, додадете цимет и сок од портокал и пијте во текот на денот.

Зголемен шеќер во крвта
Циметот е зачин кој сè повеќе ги интригира научниците кои испитуваат дали може да ги намали покачените нивоа на гликоза во крвта. Досега се направени повеќе истражувања, а заклучоците сугерираат дека нема доволно докази дека употребата на цимет може да има здравствена корист кај луѓето кои имаат дијабетес.

Искуствата на поединци покажуваат дека во комбинација со јогурт и сусам, циметот може да помогне во отстранување на малку покачените нивоа на шеќер.

  • Состојки:
  • 200 мл јогурт
  • 3 лажици непржен сусам
  • 1 кафена лажичка цимет

Подготовка:

Истурете семе од сусам во чаша, истурете го со јогурт и посипете цимет, а потоа добро измешајте. Оставете да отстои преку ноќ, по можност во фрижидер. Промешајте повторно наутро и пијте пред појадок.

escort - Korsan taksi