ЧИЗКЕЈК ТОПЧИЊА ОД САМО 4 СОСТОЈКИ И БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Чисто совршенство на вкусови, спремно за час!

6 април, 2021
230425_shutterstock-149493215_ls

Ова е многу флексибилен десерт кој добро одговара со шумско овошје, ореви и чоколадо. Најдоброто од сè? Постојат верзии без печење, кои се подготвуваат многу лесно дома.

Ние ви нудиме рецепт за наједноставниот чизкејк во форма на топчиња каде најтешка задача е да почекате да се стврднат во фрижидер и да бидат подготвени за консумирање.

Состојки за топчиња чизкејк:

200 грама крем сирење (несолено)
100 грама мелени бисквити
25 грама шеќер во прав
прелив од бело или темно чоколадо

Подготовка:

Извадете го кремсирот од фрижидерот околу половина час пред подготовката за малку да омекне. Измешајте го со шеќер во прав додека не добиете мазна униформна смеса. Измешајте го сецканиот бисквит со кремот. Можете да користите различни видови – од колачи за чај до ситни бисквити што нормално би ги користеле за да подготвите чизкејк. Ставете ја смесата во фрижидер најмалку еден час, да се исцеди. Изладената смеса поделете ја на помали топчиња. Ставете ги во замрзнувач половина час до еден час.

Растопете бело или темно чоколадо (по вкус) на пареа или микробранова печка, а потоа прелијте ги изладените топчиња. Вратете ги топчињата во замрзнувач за да го стврднете чоколадото целосно, па ставете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер.

escort - Korsan taksi