Чоколаден хумус: Здраво слатко за кое не ви е потребна рерна!

12 април, 2021
164102_chocolate-mousse-2003019-1920_f

Чоколадниот хумус е сладок идеал за оние кои постат, веган или едноставно за секој што се грижи за здрава исхрана

Состојки:

400гр исцеден наут од тегла
55гр какао
100 гр мед
80мл бадемово млеко
60гр тахини
2 лажички арома на ванила
1 лажичка сол

Подготовка:

Ставете ги сите потребни состојки во блендер за храна.

Измешајте сè убаво во компактна, кремаста маса. Доколку е потребно, со помош на шпатула, промешајте малку и изгребете ги од ѕидовите на садот, а потоа промешајте повторно. Затоа што тој понекогаш знае да заглави.

Ако сакате да е послатко, додадете малку повеќе мед или јаворов сируп. Исто така, ако сакате да биде поретко, додадете малку повеќе млеко.

Подготвениот хумус префрлете го во керамички сад со капак и чувајте го во фрижидер до употреба.

Послужете со гарнир по желба.