Цунами торта – рецепт за најпопуларните слатки на Instagram

25 јануари, 2021
profimedia-0348815050-725x485

Пандемијата донесе нови трендови и предизвици и во готвењето, а меѓу нив е и цунами тортата, моментално највирусно благо на социјалните мрежи.

Таканаречената „ цунами торта“ ги окупираше слаткарите-аматери ширум Светот, иако во основа станува збор за обична торта со бисквити и крем. Сепак, трикот е во прилогот на крајот.

Само погледнете на едно видео на Instagram и видете зошто цунамито е моментално најпопуларно слатко и зошто се нарекува така.

Обично, тортата е покриена со глазура што со текот на времето се стегнува, но во овој случај треба да остане течна, со цел да се создаде уникатен визуелен феномен. Ова се постигнува со употреба на пченкарен скроб со млеко, при што тортата треба да биде покриена од сите страни со пластична фолија, која ќе ја држи глазурата – кога ќе ја извадите фолијата, глазурата се прелива преку тортата.

Погледнете еден од рецептите за цунами торта подолу.

Состојки:

3 јајца

1 чаша шеќер

половина лажичка екстракт од ванила

1 и пол чаши брашно

50 мл млака вода

2 лажици масло

половина лажичка прашок за пециво

За крем:

1 конзерва кондензирано млеко

200 мл павлака за готвење

половина лажица путер

2 лажици млеко во прав

1 жолчка од јајце

Подготовка:

Изматете ги јајцата, лесно додајте ги другите состојки. На крај, истурете го тестото во калап и печете на 180 степени (околу 35 минути).

Во тенџере на тивок оган, измешајте ги состојките за кремот и варете околу пет минути до соодветната текстура. Потоа поделете го кремот и истурете го во две чинии.

Едната покријте ја со фолија и оставете да се излади, а во другата додадете лажица нутела, па исто така завиткајте ја со фолија. Кога кремот ќе се олади, поделете го бисквитот и наполнете го со половина од жолтиот крем.

Колачот завиткајте го во фолија, па прелијте го со остатокот од жолтиот крем, а потоа и кремот со нутелата. Посипете со млеко во прав.

Оставете сè да се смири некое време, а потоа повлечете ја фолијата и уживајте во глетката.

escort - Korsan taksi