Дали сте чуле за ДЕБЕЛ ВТОРНИК? Се слави денес, а еве што мора да јадете!

16 февруари, 2021
debel

Ако погледнете на страницата „Календапедија“, ќе откриете дека Дебелиот вторник, или како што уште го нарекуваат Ден на палачинки, денес се слави низ целиот свет. Овој необичен празник се слави 47 дена пред велигденскиот пост, а како што сугерира неговото име, тоа е денот кога се јадат и слават палачинки.

Она што е интересно за овој празник е тоа што тој го слават луѓе од христијанска вероисповед, од римокатолици до лутерани.

Постојат безброј рецепти за еден од најомилените десерти во светот, секој готвач има свои трикови како да бидат меки и воздушести, некои користат јајца во подготовка, некои претпочитаат диетална варијанта.

Дури и ако во вашето семејство нема традиција да се слави Денот на палачинки, тоа не е причина да не ги радувате со овој омилен десерт, а нашиот предлог е нискокалорична варијанта со банана.

Состојки:

1 банана

1 јајце

50 гр овесна каша

цимет