Денес е Светскиот ден на лебот од банана: Пробајте го овој едноставен, но вкусен рецепт

23 февруари, 2021
Screenshot_2

Овој леб вклучува и додавање на чоколадо, ореви или дури и суво овошје

Лебот од банана стана популарен во 30-тите години на минатиот век и една теорија тврди дека својата популарност ја стекнал поради популаризација на сода бикарбона и прашок за пециво. Друга теорија тврди дека станал популарен за време на Големата депресија затоа што домаќинките не сакале да фрлаат зрели банани, кои сами по себе биле скапа храна на пазарот. Всушност, колку повеќе зрели банани, толку е подобар вкусот на лебот, па на крајот стана многу паметна креација!

Исклучително лесен за правење, лебот од банана е сè уште омилен за посебно семејно уживање. Современиот леб вклучува и додавање на чоколадо, ореви или дури и суво овошје, па направете го според рецептот што ви го претставуваме:

Состојки:

250 грама путер

1 чаша шеќер

2 големи јајца

1/4 чаша млеко

1 лажичка екстракт од ванила

3 банани, многу зрели

2 чаши остро брашно

1 лажичка сода бикарбона

1/4 лажиче сол

1/2 чаша сецкани ореви или чоколадо (по избор)

Подготовка:

Измешајте ги стопениот путер и шеќерот во сад додека не се соединат, а потоа додадете ги јајцата и матете додека не се изедначи смесата.

Додадете млеко и ванила и соединете со смесата.

Во сад изгмечете ги бананите и додајте ги во смесата. Додадете брашно, сода бикарбона и сол и добро измешајте. Ако сакате, додадете и адитиви и повторно измешајте добро.

Истурете ја смесата во калап за леб што прво го намачкавте со маргарин, а потоа печете околу 50 минути во рерна загреана на 200 Целзиусови степени.

Изладете го во калапот 10 минути, а потоа извадете го од садот и оставете да се излади уште десет минути. И уживајте!

escort - Korsan taksi