Домашен сируп кој ве буди и ве штити од болести: Зајакнувањето на ИМУНИТЕТОТ никогаш не било поважно!

6 март, 2021
сируп

Куркумата, ѓумбирот и медот се едни од најмоќните природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и ги бркаат болестите, а освен што имаат лековити својства, тие се привлечни и поради нивниот вкус.

Состојки на сируп:

2 чаши мед
5 см корен од ѓумбир
Корен од куркума од 5 см
1 лажица куркума во прав
1 органски лимон
1 органски портокал
1/3 чаша органски јаболков оцет

Подготовка:

  1. Измијте ги добро лимонот и портокалот, исцедете ги и излупете ги и изрендајте ги куркумата и ѓумбирот.
  2. Истурете јаболков оцет во сад и измешајте го со сок од лимон и портокал. Изрендајте кора од лимон и портокал, а потоа додадете ја во смесата заедно со останатите состојки и добро измешајте.
  3. Оставете го во фрижидер преку ноќ и процедете го преку цедалка следниот ден, мешајќи да се одделат сите големи парчиња.
  4. Можете да го мешате со вода.
escort - Korsan taksi