Домашни принцес-крофни, полни со вкусен фил: Рецепт за традиционален десерт кој се топи во уста

15 февруари, 2021
cream-puffs-4271811920-830x0

Благо по рецептот на нашите баби, мајки…

Состојки за тесто:

250мл вода

100мк масло

150гр брашно

1 ќесичка прашок за пециво

4 јајца

Фил:

1л млеко

4 жолчки

5 лажици шеќер

2 лажици ванилин шеќер

5 лажици брашно

150гр путер

Подготовка:

Прво направете го филот, бидејќи ќе треба повеќе време да се излади.

Изматете ги жолчките со шеќер и брашно, а потоа додадете една шоља ладно млеко. Оставете го остатокот од млекото да зоврие, истурете го кремот од жолчки и варете додека не се згусне. Оставете да се излади, а потоа додадете путер и ванилин шеќер, и мешајте со миксер додека кремот не се соедини убаво.

Додека филот се лади, направете го тестото за крофните.

Истурете вода и масло во тенџере и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и додадете го брашното измешано со прашок за пециво. Вратете го на плочата за готвење и мешајте брзо додека масата не се згусне и не започне да се одделува од работ на тенџерето.

Во изладеното тесто додавајте едно по едно јајце со постојано мешање. Крофните формирајте ги со шприц или лажица, па наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Печете ги крофните во рерна загреана на 200 степени, а кога ќе се испечат оставете ги да се оладат.

Исечете ги оладените крофни, наполнете со крем и по желба посипете со шеќер во прав.

escort - Korsan taksi