Домашни РАВИОЛИ НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН: Научете да го подготвувате ова ТРАДИЦИОНАЛНО ЈАДЕЊЕ на старомоден начин!

22 февруари, 2021
242605_img-3408_ls

Доколку сакате малку да ја промените вашата исхрана, обидете се со овој ручек

Состојки на тесто:

400 гр спанаќ

1 лажица сол

500 гр брашно

2 јајца

Состојки за полнење:

200 гр печурки буковки

200 гр сирење

100 гр сино сирење

Состојки за сосот:

350мл доматно пире

2 чешниња лук

1 лажица мед

босилек

сув зачин

бибер

Подготовка:

Спанаќот избленширајте го, па сомелете го, додадете го во брашното во кое сте додале јајце и сол и замесете тесто. Поделете на два дела и оставете го во фрижидер половина час. Соединете ги состојките на сосот и варете до саканата густина. Исржете ги буковките и соединете ги со сирењето. Расукајте го тестото и ставете го филот, одозгора ставете друг дел од тестото и пресечете го во облик на равиоли. Равиолите гответе ги во врела вода. Тие се готови кога ќе излезат на површина. Сервирајте на сосот и додадете бадеми и пармезан по желба.

Пријатно!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum