Две во едно: КРЕМ ТОРТА бела како снег (РЕЦЕПТ)

14 февруари, 2021
сладолед

Пробајте ја тортата со сладолед.

Состојки на кора:

8 белки
400 гр шеќер
вреќа со ванилин шеќер
лажица оцет

За фил:

8 жолчки
50 гр шеќер
1/2 литар млеко
2 вреќи шлаг
125 гр маргарин
3 лажици брашно
вреќа со пудинг од ванила
300 гр бело чоколадо
Подготовка:

Белките и шеќерот добро изматете ги со миксер, додајте ванилин шеќер и оцет, па ставете во плех обложен со хартија за печење, намастен со масло и попрскан со брашно, па печете ја кората во рерна на 150 степени околу 25 минути. Гответе го пудингот во 1/2 млеко, додадете претходно замесено брашно, шеќер и жолчки и мешајте на шпоретот сè додека убаво не се соедини.

Изладениот фил го комбинирате со шлаг маргарин, шлаг и стопено бело чоколадо (ако сакате, оставете 50 гр чоколадо за да го украсите тортата однадвор). Изладената кора исечете ја на три дела и премачкајте ја секоја со филот, како и однадвор.