ЕДНОСТАВЕН КОЛАЧ со овесни снегулки – идеален за првомајски пикник! (РЕЦЕПТ/ФОТО)

30 април, 2021
7ee9f0c3f3cb68cd0b97d0c96fc98944ffafb9de

Идеален колач за пикник во природа, без додатоци.

Состојки: ¾ чаши врела вода, 1 чаша овесна каша, ½ чаша путер или маргарин, 1 чаша кафеав шеќер, 1 чаша бел шеќер, 2 јајца, ¾ чаши брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажица какао, ½ лажичка сол, 1 лажичка цимет, чоколадни парченца, сецкани ореви или бадеми.

Путерот и овесната каша прелијте ги со вода што врие. Оставете да отстои 10 минути додека путерот не се стопи. Додадете шеќер и добро измешајте со лажица. Додадете ги јајцата и добро измешајте. Измешајте ги сувите состојки и ½ од чоколадните парченца. Истурете го тестото во намастен и набрашнет плех со димензии 9 на 13. Посипете ги преостанатите чоколадни парченца и ореви одозгоре. Печете 30-35 минути на 350 степени. Колачот е вкусен сам по себе, но добар е и со шлаг или сладолед од ванила.

escort - Korsan taksi