ЕВТИНО, ЗДРАВО И ВКУСНО! Едноставна и БРЗА ВЕЧЕРА – потребни ви се неколку СОСТОЈКИ што ги имате дома!

3 септември, 2021
417885_salata_f

Секоја домаќинка е среќна кога ќе направи вкусно јадење од неколку состојки, а сигурно ги имате сите овие состојки дома, затоа направете го овој вкусен оброк и израдувајте го вашето семејство со нов рецепт за вечера.

Состојки:

2 големи компири

масло

1 кромид

1 пиперка

сол

3 домати со средна големина

4 јајца

зачини

Подготовка:

Измијте го зеленчукот и исечете го на коцки. Прво, испржете ги компирите во масло, а потоа префрлете ги на чинија и пропржете ги кромидот и пиперките во истото масло. По некое време, додадете ги доматите. Додадете сол и промешајте. Кога доматот ќе почне да крчка, вратете ги компирите во тавчето, промешајте и направете 4 вдлабнатини во кои ќе ги скршите јајцата. Покријте ја тавата и варете 3-5 минути додека јајцата не се сварат. Зачинете и сервирајте.

Пријатно!

escort - Korsan taksi