Го забрзува слабеењето, го поттикнува метаболизмот: Овој доручек е многу хранлив, идеален за почеток на денот!

11 август, 2021
profimedia-0285546074_0

Појадокот е многу важен бидејќи на почетокот на денот треба да го разбудите телото, да му дадете нешто што е хранливо, нутритивно и што ќе ве наполни со енергија. Затоа ви даваме идеја за ваков појадок што ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе го забрза процесот на варење.

Се подготвува навечер пред спиење, така што кога ќе станете да уживате во јадењето.

Рецепт за здрава каша за појадок:

Состојки:

  • овесна каша – 2 лажици
  • јогурт со малку маснотии – 1 чаша
  • какао во прав – 1 лажиче
  • мелено ленено семе – 1 лажиче
  • свежа слива – 5-7 парчиња

Подготовка:

Овој појадок мора да го подготвите навечер, пред спиење и да го јадете наутро. Истурете врз сливите околу 100 мл топла вода. Оставете да отстои околу 10 минути. Во друг сад измешајте овесна каша, какао и ленено семе. Потоа истурете јогурт со малку маснотии и добро измешајте. Сега исечете ги натопените сливи на мали парчиња и додајте ги во смесата. Истурете во блендер и изматете ја целата смеса. Оставете да отстои преку ноќ во фрижидер и јадете наутро.