Грчки специјалитет!ПОХОВАНО ФЕТА СИРЕЊЕ во сусам, прелиено со мед! (РЕЦЕПТ)

4 октомври, 2021
482748_x5-feta-1640767711_f

Невообичаено фино јадење, може да се служи како мезе, предјадење, појадок или вечера. За овој рецепт, изберете квалитетна фета, а кога ќе ја прелиете со мед, тоа ќе биде арија на вкус…

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр фета
  • две јајца
  • лажичка мелена пиперка
  • лажичка мелен бибер
  • 100 гр брашно
  • 100 гр презла
  • четири лажици мед
  • половина чаша семе од сусам

ПОДГОТОВКА:

Исушете ја фетата со крпа, а потоа исечете ја на парчиња дебели два сантиметри. Во првиот сад изматете ги јајцата, во вториот ставете го брашното, а во третиот презлата измешана со сусам, бибер и мелена пиперка. Превртете ги парчињата сирење прво во брашно, потоа во јајца и на крај во презла. Ако сакате, повторете ја постапката уште еднаш. Пржете во врело масло додека не поруменат. Исцедете на салфетка и сервирајте.

escort - Korsan taksi