ГУРМАНСКИ РОЛАТ со сланина и сирење како предлог за денешниот ручек

11 март, 2021
gurmanski rolat

Потребно е:

  • 500 гр мелено пилешко
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 јајца
  • 100 гр крем
  • 100 гр сирење
  • 150 гр сланина
  • 3 лажици гриз
  • Сол, бибер, лист од магдонос

Подготовка

Во мелено месо додадете едно јајце, сол, бибер, сецкан лист од магдонос, исечен кромид, сецкан лук, гриз и сè измешајте.

Распоредете го измесеното месо на фолијата што претходно сте ја премачкале со малку масло и формирајте правоаголник. Изматете две јајца и ставете ги во тава да се пржат како омлет. Врз тоа ставете кајмак, ренданото качкавал и малку исечкана сланина.


Филованиот омлет од тавата ставете го врз месото. Користете фолија, превртете ја во ролна, само ставете ја левата и десната страна малку навнатре пред да ја извртувате во ролна. Ставете го ролатот во сад за печење и покријте го со ленти од сланина. Покријте со фолија и печете на 180 степени половина час. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште половина час.

Пријатно!

escort - Korsan taksi