ИДЕАЛНО БЛАГО ЗА БАДНИК: Посна торта, вкусна и готова за половина час!

6 јануари, 2021
kolac

Подгответе го и ќе ве маѓепса вкусот!

Има вкус исто толку добар, ако не и повеќе од мрсни колачи, а еве како се подготвува.

Состојки:

2 шољи брашно

100гр шеќер

3 лажици какао

½ шоља мелени ореви

1 ќесичка прашок за пециво

1,5 шоља минерална вода

300гр мед

Глазура:

2 лажици какао

3 лажици шеќер

1 лажица масло

3 лажици вода

Неколку капки екстракт од ванила

Подготовка:

Во сад измешајте ги сувите состојки – брашно, шеќер, какао, ореви, прашок за пециво. Промешајте, додадете вода во нив, а потоа повторно измешајте за да ги соедините состојките. Потоа, додадете мед во смесата и добро промешајте уште еднаш, па истурете ја смесата во подготвена тава.

Печете во рерна загреана на 180 степени, а во меѓувреме подгответе ја глазурата.

Во мало тенџере ставете какао, шеќер, масло и вода и варете ги на тивок оган додека не се соединат.

Испечената торта прелијте ја со глазурата од какао и оставете да се излади.