Идеално за топлите денови: Оваа комбинација е најздравиот избор за ручек, а подготовката трае неколку минути

8 јули, 2021
1494512

Мешавината од пилешко и зеленчук е една од најздравите опции за ручек или вечера, особено ако и двете состојки ги подготвувате на здрав начин. Овој пат почастете го непцето со пилешко со брокула, моркови и сезонски тиквички

Кога станува збор за подготовка на зеленчук, не треба да биде комплицирана и дефинитивно треба да избегнувате прекумерна термичка обработка. Неколку минути готвење ќе бидат доволно за морковот и брокулата да останат крцкави, задржувајќи ја целата свежина и сочност. Заедно со варените моркови и брокула, послужете тиквички кратко печени во тава или на скара и коцки од лесно зачинето пилешко.

Состојки:

3 парчиња пилешки гради

250 гр брокула

3 моркови

2 тиквички

екстра девствено маслиново масло

сол

пипер

Подготовка:

Излупете ја тиквата, изрендајте ја и варете ја во зовриена солена вода 15-20 минути.

Во исто време, исецкајте ја брокулата на гранчиња и варете во друг сад со врела вода и сол околу шест минути.

Измијте ги, исушете ги и исечете ги тиквичките.

Исечкајте ги пилешките гради, зачинете и пржете ги во тава со малку масло. Потоа испржете ги тиквичките.

Послужете ја мешавината од зеленчук и неколку пилешки медалјони на секоја чинија.

escort - Korsan taksi