Идеја за вечера: Пилешки гради во сос од лук

26 февруари, 2021
am

Состојки:

4 парчиња. пилешки гради без коски и без кожа
1 чаша ситно рендано помеко сирење (тип Гауда)
1/2 чаша сецкано сирење чедар
1 чаша крем сирење
1 лажица мелен лук
1 лажица мешавина од италијански зачини (сушен оригано, риган, мајчина душица, босилек, рузмарин и жалфија)
сол и бибер по вкус

Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрее до 190 степени. Ставете го пилешкото во подмачкана тава а потоа додадете сол и бибер. Потоа измешајте ги сите други состојки освен сирењето чедар во сад.

Се става смесата над месото, се покрива со фолија и се пече околу 45 минути или додека не процените дека пилето е готово. На крајот на секое парче пилешко ставете го кашкавалот и оставете го уште неколку минути, за да се стопи сирењето.