Канелони со сирење и спанаќ: Јадење со кое можете да ги измамите дури и децата кои не сакаат зеленчук! (РЕЦЕПТ)

9 март, 2021
Screenshot_2

Воодушевете го целото семејство.

Состојки:

10-12 канелони

1 јајце

250 гр сирење рикота

250 гр свежо кравјо сирење

150 гр спанаќ или блитва

3 чешниња лук

2 дл крем за готвење

100 гр пармезан

2-3 лажици маслиново масло

сол и црн бибер

Подготовка:

Ставете ги канелоните да се варат во солена зовриена вода две минути само малку да омекнат. Потоа извадете ги и оставете ги настрана. Измијте го и исечете го спанаќот или блитвата.

Во сад со малку сол и бибер, изматете едно јајце, додадете свежо сирење, рикота, половина пармезан и лук и сецкани лисја од спанаќ или блитва. Додадете 1-2 лажици маслиново масло и измешајте сè добро.

Наполнете ги канелоните со добиената мешавина и наредете ги едни до други во подмачкан огноотпорен сад.

Измешајте го кремот за готвење со остатокот од пармезанот и истурете го врз канелоните.

Ставете ги во рерна на 200 степени 30-35 минути.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi