Кето чоколадна торта, за подготовка ќе ви требаат помалку од 45 минути (РЕЦЕПТ)

8 јануари, 2021
Screenshot_1

Состојки:

300гр незасладено чоколадо

300гр путер

6 јајца

70гр бадемово брашно или мелени бадеми

100гр засладувач по желба

Прстофат сол

Какао во прав или незасладено чоколадо и бобинки или јаткасти плодови за украсување (по желба)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Стопете ги путерот и чоколадото во микробранова печка, а потоа измешајте ги убаво да се соединат. Ако сакате, можете да ги растопите и во тенџере над врела вода. Направете го тоа полека, во неколку наврати кога станува збор за микробранова печка, не нагло затоа што не сакате вашето чоколадо да се загрее или топи премногу брзо. Оставете ја смесата настрана.

Во голем сад, ставете ги јајцата и измешајте ги со миксер додека не се зголемат двојно по големина и станат пенливи. Потоа додадете засладувач во нив и повторно добро промешајте.

Во садот со јајцата, додадете го стопеното чоколадо и путер и добро измешајте со лажица или шпатула.

Потоа додадете брашно од бадем и повторно промешајте.

Земете тркалезна тава за торта или друг плех за печење, ако немате и ставете хартија за печење во неа. Потоа премачкајте со путер. Истурете го тестото во калапот и ставете го во рерна 30 минути или додека горниот дел од тортата, особено во средината, не стане цврст на допир.

Оставете да се олади пред да го извадите од калапот. Кога ќе се олади, посипете го со какао во прав или прелијте со малку стопено незасладено чоколадо и почекајте повторно да се олади. Дополнително украсете со бобинки по желба!

escort - Korsan taksi