КИШ ЛОРЕН е НАЈДОБРА ФРАНЦУСКА ПИТА во светот! ЉУБОВ на прв залак! / РЕЦЕПТ /

8 февруари, 2021
347519_x6_f

Киш во основа е соединение со различен зеленчук, на кое може да се додаде месо, а јајцата се оние кои го „поврзуваат“ целото јадење. Најпозната верзија е секако киш лорен, која уште се нарекува и најдобра пита во светот, а се базира на крцкаво тесто, путер, варена шунка, јајца и павлака …
Состојки:

За тестото:

250 гр брашно

125 гр путер


5-6 лажици ладна вода

малку сол

За фил:

200 гр ситно сецкана месна сланина

3 јајца

200 мл павлака за готвење

200 мл млеко

сол, бибер, морско оревче


Подготовка:

Месете го тестото од наведените состојки и ставете го во фрижидер половина час. За филот, кратко пропржете ја сланината, а потоа одделно изматете ги јајцата со кисела павлака и млеко, додајте зачини. Тестото развлечете го со сукало и ставете го во плех за печење. Дупчете го дното со вилушка и печете на 180 степени 10-15 минути додека не порумени. Извадете го плехот за печење, зголемете ја рерната на 200 степени. Истурете ја сланината на кората, а потоа прелијте ги со јајцата и павлаката. Вратете ја тавата во рерна 15-20 минути.

Пријатно јадење!

escort - Korsan taksi