Крем од авокадо за добро утро

17 февруари, 2021
вцццццццџ

Како ви звучи триминутен појадок од само три состојки?
Ако имате зрело авокадо во сад со овошје, ставете го во мешалка со мед и млеко и направете едноставен крем што ќе ви служи добро за појадок и закуска.

Состојките се доволни за една или две порции, во зависност од вашиот апетит и потреби. Можете да го послужите кремот во стаклени чаши, со свежи бобинки, сецкани бадеми, чипс од кокос..

Исто така, можете да го замрзнете овој едноставен крем и подоцна да го користите како основа за пијалак или да го мешате со јогурт.

Состојки:

1 зрело авокадо
120 мл млеко
1 лажица мед
Подготовка:

Излупете го авокадото и исечете го на коцки.
Ставете го авокадото во мешалка со млекото и мешајте додека смесата не се изедначи.
Се редат во две чаши, се покриваат со проѕирна фолија и се ставаат во фрижидер кратко.
Послужете со избрани додатоци. Добро утро и добар вкус!