КРЕМАСТ КОЛАЧ СО МАЛИНИ КОЈ Е ПРАЗНИК ЗА НЕПЦАТА: Лесен, освежувачки и готов за секунда!

29 мај, 2021
250969_malinakolac_ls

Состојки:

За кората:

8 белки
шеќер, 8 лажици
брашно, 8 лажици
млеко, 2 дл

За фил:

8 жолчки
шеќер, 8 лажици
брашно, 5 лажици
млеко, 5 дл
ванилин шеќер, 2 ќесички
маргарин, 250 гр
малини, 500 гр
шлаг, 3 парчиња

Како да се подготви:

Изматете ги белките со шеќер и додадете го брашното. Нежно промешајте и истурете во плех обложен со хартија за печење да се пече 20 минути на 180 степени. Изладете ја кората, излупете ја хартијата и прелијте го врелото млеко. Изматете ги жолчките со шеќер, додадете брашно и децилитар млеко и добро измешајте. Останатото млеко оставете го да зоврие заедно со ванилин шеќер, а потоа додадете ги подготвените жолчки и направете пудинг. Додадете маргарин во млакиот фил и добро изматете. Наредете ја кората, па филот, густо притиснете ги малините и на крај шлагот.

escort - Korsan taksi