КРЕМАСТО И ВКУСНО: Еве како да направите домашен пудинг од ванила! (РЕЦЕПТ)

1 јуни, 2021
1240755_profimedia0239603019_ls

Нема да ви треба многу време или состојки за овој домашен пудинг од ванила. Лесно е да се направи, а нема потреба да се зборува за вкусот.

Состојки:

  • 400 мл млеко
  • 30 гр густин
  • 1 жолчка
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • половина стапче ванила

Подготовка:

  • Ставете ги жолчката, густинот и една лажица млеко во чаша, а потоа добро измешајте.
  • Ставете го остатокот од млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер во тенџере и загрејте да зоврие.
  • Пред да зоврие полека истурете ја мешавината од густин, жолчка и млеко и мешајќи додајте ја изронетата половина од стапче ванила.
  • Гответе на тивок оган додека не се згусне.
  • Истурете го пудинг во претходно натопени чинии и изладете го.
  • Можете да посипете боровинки, малини или јагоди пред да ги послужите.