Куглоф од лимон за ладно јануарско попладне (РЕЦЕПТ)

28 јануари, 2021
Screenshot_2

Денот завршете го со парче сочен куглоф со лимон – и шолја чај.

Навистина не можете да погрешите со куглоф затоа што сите генерации го сакаат, тој е фотогеничен и совршено оди со чаша топол овошен чај. Покрај тоа, мерењето и подготовката ќе ви одземат само 15 минути.

Доколку сакате да изгледа уште поефикасно, слободно украсете го со глазура од шеќер или бело чоколадо. Во сласт!

Состојки:

250 гр омекнат путер + за премачкување на калапот

250 гр меко брашно

2 лажички прашок за пециво

1/4 лажиче сол

220 гр шеќер во прав

3 лимони (само кора)

4 јајца

За сируп:

100 гр шеќер во прав

3 лимони (сок)

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени и добро премачкајте го калапот за куглоф со путер.
  • Измешајте брашно, сол и прашок за пециво во една чинија. Во друга, измешајте ги путерот, шеќерот и кората со електричен миксер додека не добиете мазна смеса.
  • Додадете едно јајце одеднаш и добро измешајте. Потоа постепено додавајте го брашното и измешајте со дрвена лажица.
  • Истурете ја смесата во намастен калап и печете во загреана рерна околу 40 минути.
  • Во меѓувреме, подгответе го сирупот. Измешајте го шеќерот со сок од лимон во сад и оставете го да зоврие. Гответе две, три минути, а потоа тргнете го од оган и оставете да се излади.
  • Истурете го сирупот врз испечениот и малку оладен куглоф и оставете го во калапот уште 15 минути за да се впие сирупот.
  • Потоа извадете го куглофот од калапот и почекајте да се излади целосно.