Ледена пита со ванила: ѝ нема рамна – едноставна, сочна и кремаста! (РЕЦЕПТ)

9 јануари, 2021
180541_shutterstock-1147720028_ls

Пита што се топи во уста и совршено го радува вашето непце, за што не ви треба многу време и можете да го комбинирате со овошје по вкус. Слатка пита што ќе ве освои уште на првиот залак.

Состојки:

12 кори за пита

1л млеко

3 ќесички пудинг од ванила

5 лажици шеќер

1 ќесичка ванилин шеќер

За премачкување

3 јајца

100мл масло

3 лажици шеќер

За прелив:

500гр шеќер

500мл вода

1 ќесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Од еден литар млеко одвојте малку за пудингот. Остатокот од млекото ставете го на оган со шеќер и ванилин шеќер да зоврие. Гответе го пудингот и мешајте додека не се згусне. Оставете го пудингот да се излади.

За преливот, ставете ги сите состојки во тенџере и варете додека не зоврие. Кога ќе зоврие, оставете го да врие уште десетина минути на средна температура, тргнете од оган и оставете да се излади.

Изматете ги јајцата со шеќерот и маслото за премачкување. Првата кора премачкајте ја, па преку неа ставете ја втората кора, која исто така треба да се премачка. Втората кора преклопете ја над третата и наредете четвртина од пудингот на еден подолг крај.

Завиткајте во ролна и наредете во подмачкана тава. Постапката повторете ја со останатите кори и фил. Ролатите премачкајте ги со малку масло и печете ги во загреана рерна на 200 C околу 20 минути.

Испечената, топла пита прелијте ја со ладен прелив и оставете ја убаво да се излади. Исечете на парчиња и послужете ладно.