МАФИНИ СО ЛИМОН! Уживање на кое не можете да му одолеете (РЕЦЕПТ)

9 јануари, 2022
462753_20210729-123902_f

Ако сакате мафини, ќе го обожавате овој рецепт

За помала доза, потребно е:

  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 75 гр брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 3 лажици сок од лимон
  • кора од лимон
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка:

  Изматете ги јајцата со шеќер, додајте брашно со прашок за пециво, сок од лимон, кора од лимон и маслиново масло.

  Полека изедначете со шпатула. Ставајте со лажица во калапи за мафини. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Кога малку ќе се изладат, извадете и посипете ги со шеќер во прав или прелијте го со чоколадо.