Мини погачи со кашкавал: Меки, миризливи, воздушести и вкусни, вистински рај за стомакот! (РЕЦЕПТ)

19 јануари, 2021
239801_shutterstock-1870838773_ls

Ви претсавуваме одличен рецепт за тесто кое сите во домот ќе го обожаваат

Состојки:

200мл млака вода

½ ќесичка сув квасец

½ лажичка шеќер

½ лажичка сол

50мл масло

Брашно по потреба (тип 400)

200гр кашкавал

5 лажици кечап

Подготовка:

  • Измешајте ги квасецот и шеќерот во млака вода, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 3 минути.
  • Кога квасецот ќе нарасне, додадете масло и добро промешајте.
  • Потоа, додадете сол и полека додавајте брашно и месете го тестото.
  • Месете го тестото 5 минути за да биде мазно и еластично.
  • Ставете го тестото во сад што ќе го премачкате со масло, покријте го со крпа и оставете го двојно да се зголеми.
  • Потоа премесете ги и развијте ги погашите со дебелина од 1см, кои ќе ги исечете со чаша и ќе ги распоредите во плех обложен со хартија за печење.
  • На секоја погача ставете малку кечап и рендан кашкавал.
  • Печете во рерна на 250 степени целзиусови.
escort - Korsan taksi