Мрзлива баклава без кори, сочна и неодолива: Рецепт кој можат да го направат и почетници во кујната!
Кога велиме баклава, првата помисла ни е ореви и кора. Меѓутоа, ако го претпочитате овој ориентален специјалитет, а немате време за традиционалниот, има торта која има скоро ист вкус, но домаќинките ќе ја подготват многу полесно.
Состојки:
4 јајца
1,5 чаши шеќер
1 ванилин шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1,5 чаши гриз
2 лажици брашно
1 прашак за пециво
2,5 чаши мелени ореви
1/2 сецкани ореви
Прелив:
1,5 чаши шеќер
3 чаши вода
1 ванилин шеќер
1 помал или една половина лимон
Подготовка:
Прво подгответе го сирупот, да се олади додека колачот се пече.
Измешајте вода и шеќер, па ставете да зоврие и по неколку минути извадете го тенџерето од плочата за готвење.
Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
Изматете јајца со шеќер, а потоа додадете суви состојки – гриз, брашно, прашок за пециво, ванилин шеќер, мелени и сецкани ореви. Потоа додадете млеко и масло, и изматете сè добро со жица.
Подмачкајте плех, посипете го со брашно, а потоа истурете ја смесата и ставете ја во топла рерна да се пече.
Баклавата ќе биде готова за околу 35 минути.
Изладениот сируп истурете го врз врелата баклава и оставете ја да се излади целосно, па ставете ја во фрижидер.
Се сече на коцки, се украсува со ореви по желба и се сервира.
Пријатно!